Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се потребни измени на законската регулатива за матична евиденција. Тој, одговарајќи на новинарско прашање за воведување графа за етничка припадност во изводот од матичната книга, рече дека разговарал со пратеници и експерти и најави реформа на законската регулатива.
Јас вчера разговарав со пратеникот Павле Трајанов и со неколку експерти од правната фела. Тоа упатство е донесено врз основа на Законот за матична евиденција. Ако ги погледнете тоа е закон кој што е на сила во нашата држава од 1995 година и ако ги погледнете членовите 3, 4, 11 и 13 точно е наведено то се се запишува во нашата матична евиденција. Она што раговаравме со нашите пратеници е веднаш да се пристапи кон реформа на таа законска регулатива бидејќи навистин се работи за нешто што останало од 1995 година и да се усогласи со законодавството со ЕУ и да се усогласи со карактерот на нашиот устав, рече Ковачевски.
Во однос на измените на законот за неевидентирани лица, тие потенцира тој, веќе се направени во Парламентот и на 600 лица статусот ќе биде решен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.