Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави реакција по повод одлуката на Уставниот суд да го укине Балансерот.
„Основната идеја на Охридскиот договор беше да се надмине моноетничката држава и да се воведе концепт на заедничко владеење што ги штити етничките заедници од мнозинска тиранија и маргинализација. Последната одлука на Уставниот суд, диктирана од власта, суштински го погодува овој принцип – колективната заштита на етничките заедници. Етничката припадност беше основа за суштинските механизми како што се принципот на Бадентер во Собранието, системот за балансирање и етничките квоти, кои помогнаа да се исправат децениската дискриминација. Оваа одлука едноставно не може и не треба да помине“, вели Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.