Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска во 15 часот.

Членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни, работи Панче Тошковски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов, соопшти Кабинетот на претседателката.

На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.