СДСМ синоќа одржа седница на Централниот одбор. Како што потврдија за МИА од партијата, една од темите ќе биде подготовката за претстојниот конгрес.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера на прес-конференција во одговор на новинарско прашање, изјави дека на Конгрес на 24 ноември СДСМ ќе го избере новиот Централен и Извршен одбор, како и целокупното партиско раководство. На конгресот, како што најави, ќе се дискутира за идните политики и делување на партијата.

– За 24 ноември е закажан Конгресот на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор од кој ќе произлезе новиот Извршен одбор и целокупното партиско раководство, по што сите активности ќе се засилат, рече Филипче.

При тоа, Филипче потенцираше дека во моментов во СДСМ се случува значајна консолидација и активно се работи на враќање на довербата во партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.