СДС со недели се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Потоа Ковачевски велеше дека ќе има техничка влада без министри од ВМРО-ДПМНЕ, а вчера кога требаше да се гласа владата со премиер Талат Џафери како ученичиња се нацртаа да го изгласаат.
Евидентно е дека СДС на поклон ја дава државата на ДУИ, а за возврат така ги купува своите фотелји и владеење, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Евидентно е и дека ДУИ владее со СДС, а Ковачевски го моли ДУИ да го поддржат на наредните избори нивниот претседателски кандидат и да имаат заеднички листи на параламентарните избори.
Токму поради таквата пресметливост народот смета дека повеќе не постои држава, ниту систем.
Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.