Додека министерот за внатрешни работи најавува битка за заштита на државниот буџет од злоупотреби, Владата секој ден со свои одлуки именува некакви национални коордонатори за решавање на различни прашања, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Тоа не е ништо друго освен легализирана кражба на буџетот преку доделување месечна апанажа на неопределен рок во висина од над 100.000 денари на заслужни партиски активисти на ДПМНЕ како што се Влатко Ѓорчев, Затуровска, Павле Трајанов, Ивица Боцевски и други.

Сега за секоја надлежност на Владата имаме по еден министер, заменик министер, државен секретар, советник на премиерот и национален координатор.

Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Со одлуки на Владата на овој начин се празни и ограбува буџетот за задоволување на апетите и плаќање на оние кои партиски му помагале на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека министерката за финансии Кочовска вели дека навечер оди по канцелариите во министерството да гаси светла за да не се троши струја, дава согласност за да се вработуваат партиски кадри.

СДСМ препорачува спорт кој годишно ја чини државата околу 2 милиони денари. Лицемерието на ДПМНЕ не познава граници.

ВМРО-ДПМНЕ возврати дека „СДС за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов, без грам искуство, а шири ветар и магла за луѓе со кредибилитет. СДС го постави своевремено Роберт Алаѓозовски и Мартин Попов за национални координатори, и двајцата без никаков придонес за државата“.

Национален координатор во време на СДС беше и Стево Пендаровски, најслабиот претседател во историјата на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС не само што редеше неспособни национални координатори, туку и нивни заменици, без да има за тоа реална потреба. За разлика од времето на СДС, владата на ВМРО-ДПМНЕ за национални координатори поставува луѓе со голем кредибилитет и минат труд во областите за кои ги назначува, тврдат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.