СДСМ одбива да се покачи платата во јавниот сектор, и поголеми плати за наставниците. ВМРО-ДПМНЕ преку амандман на Законот за минимална плата во Собранието побара да се усогласат платите во јавниот сектор и да дојде со коефициентот на сложеност на работните места. Со тоа ќе се почитува Колективниот договор во образованието. Со тој предлог наставниците ќе добијат плата и до 45 илјади денари, а ќе има поголеми плати и за административно техничкиот персонал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ бега од покачување на платите во јавниот сектор и е лицемерна со просветните работници.
Ковачевски доколку е искрен ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.
До сега Ковачевски и СДСМ покажаа дека се лицемерни, и го одбија и предлогот за покачување на пензиите за 20%.
Ковачевски и СДСМ работат за сопствени политички поени, а не за народот во целост, затоа и не ги поддржуваат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.