Вкупниот долг заедно со образованието во Охрид изнесува 22 милиони евра и тоа е почетната точка од која што почнавме, рече Кирил Пецаков градоначалник на општина Охрид на денешниот политички саем на трибината Промени што носат иднина во Југозападниот регион и додаде дека освен исполнување на ветеното од програмата и реализација на проектите кои што ги ветил, тој посочи дека предизвик за него е и намалување на долговите кои ги наследил од претходниот градоначалник од СДСМ.

Освен сето она кое што сме го ветиле пред граѓаните во програмата, еден од предизвиците е и раздолжување на општината односно намалувањето на долговите . прилично сум среќен и задоволен што можам да кажам дека од околу 21 милион денари долгови во образованието, долгот е нула денари. Што значи дека го исчистивме долгот во образованието. Главниот долг на општината е намален за околу 300 илјади евра, вели Пецаков.

Пецаков потенцираше дека во Охрид се реализирале голем број на проекти од големо значење за охриѓани, инфраструктурни проекти, нови мултифукнционални игралишта, како и изградба на пречистителна станица.

По однос на проектите кои што се поврзани со програмата а за нас се капитални и клучни, имавме ветено основно училиште, го завршивме проектот, сега следи буџетирање дали ние или со некаква апликација, изградба на пречистителна станица е завршен проект, изградба на ново водоснабдување на Охрид каде што преку 60 проценти од територијата ќе се снабдува од нов извор, изјави Пецаков.

Заклучно до 31 декември општина Охрид ќе има 27 проекти спремни веднаш да се реализираат, дали од наш буџет или пак преку аплицирање од некои фондови, грантови од бакни. Така што оваа година изработивме и мислам дека граѓаните тоа го препознаат, заклучи Пецаков.

Околу долговите затекнав долг од 2 милиони денари. Затекнав апатична администрација, фрустрирана и деградирана и затворена општина, изјави градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочоски на денешниот отчет даден на саемот на промените што носат иднина.

Тој истакна дека минатата година инвестирано е во инфраструктурни проекти, културата, здрава животна средина, исто така инвестирано е и го поддржувавме туризмот и градењето на Вевчани како туристичко место.

Околу инфраструктурата имаме асфалтирано, поплочено во бекатон плочки или камени плочи повеќе улици низ Вевчани, изградено има 4 канализациони краци и со тоа го решаваме проблемот со канализацијата во Општина Вевчани. Инвестирано имаме во партерно уредување околу јавните општински згради како што е мултикултурниот центар во Вевчани, во тек е и хортикултурно уредување на истиот. Инвестираме во реконструкција и реновирање на детската градинка во Општина Вевчани, рече Кочоски.

Кочоски посочи дека кога сме кај културата, 20 години Вевчанскиот карневал е финансиран од министерството за финансии, меѓутоа оваа година министерството за култура не додели ниту денар, така да Општина Вевчани сама со буџет од општината го реализираше Вевчанскиот карневал.

Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод рече дека е работено на сите полиња како урбанизација, развој на местото како туристичка дестинација и слично.

Она што беше клучно тоа е отворање на работни места и затоа веднаш ја ставивме во употреба индустриската зона Барбарос, бидејќи најголем проблем беа вработувањата. Тоа е единствениот начин да се задржат младите преку работни места. Но, не сопревме тука, работевме на урбанизацијата, почнавме да урбанизираме две парцели во индустриската зона една ја планираме за инвестиција, изградба на фабрика, а другата за фотоволтаици за да ја ублажиме енергетската криза. Ние како општина имаме капацитет за развој како туристичка дестинација. Поради тоа потпишавме и Меморандум со Агенцијата за туризам и успеавме да реализираме една манифестација Адреналински фестивал каде имавме на илјада учесници, посочи Ристески.

Градоначалнико на општина Брвеница, Јовица Илиевски истакна дека општината ја затекнал во многу долгови и тотална нефункционалност од претходната власт.

Општината ја затекнавме со огромни долгови, успеавме околу 50 проценти да ги вратиме од долговите да го подигнеме нивото на јавната администрација да станеме услужен центар на граѓаните. Во следната година комплет ќе ги расчистиме долговите и ќе го подобриме сервисот на услуги на уште повисоко ниво. Затекнавме многу нереализирани проекти од претходната власт, општината немаше ниту еден проект аплицирано по институции, сега аплициравме во биро за развој од светска банка успеавме да изреализираме проекти кои ни се во фаза на пред тендерирање и дел веќе почнати се да ги извршуваме и имплементираме. Од претходниот градоначалник во тој дел затекнавме нефункционална општина“ истакна Илиевски.

Градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски истакна дека се инвестира во сите области особено во делот на инфраструктурата.

Како општина инвестиравме во сите области. Најмногу се концентриравме во делот на инфраструктурата, како најболно прашање за општина Брвеница, улици имаме асфалтирано 3000 метри од бекатон улици, пат довршен, партерно уредување во село Брвеница. Во делот на спортот го активиравме стадионот после многу години, спортската сала која исто така беше запоставена повеќе години ја вративме во функција. Во културата имаме доста манифестации, во делот на екологијата учествувавме во уредување на речното корито на реката Вардар, за образованието, реконструкција на училиштето во село Гургурница и набавивме нов школски автобус за превоз на ученици. Во јавното комунално претпријатие успеавме да набавиме нови возила. Канализација и водовод имаме поставено канализациона мрежа во должина од 1800 метри а водоводната мрежа успеавме да ја реновираме и поставиме нова во должина од 2200 метри“ нагласи Илиевски.

Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски истакна дека општината кога тој ја презеде функцијата градоначалник иако не беше во финансиска задолженост, таму владееше административна нефункционалност, бидејќи како што рече тој, може била единствена општина во Република Македонија кај што решенијата за данок за имот за 2020 или 2021 не беа поделени и единствена општина во Македонија која немаше јавно комунално претпријатие, но во овој изминат период од една година тоа се надмина, се отвори ново јавно претпријатие, тековните административни работи се ставија во функција и општината стана сервис на граѓаните.

Изминатите 365 дена успеавме општина Јегуновце да ја направиме отворена, транспарентна и отчетна општина, општина за сите граѓани без разлика на партиска и етничка основа. Во период од една година успеавме да го отвориме, како што спомнав и претходно, јавното претпријатие и да обезбедиме машини, односно багер, камионет и помал камионет за потребите на јавното претпријатие што за овој период од една година е гордост на општина Јегуновце, бидејќи тоа се немаше случено во годините што поминале. Во овој период успеавме да отвориме градинка со капацитет од 50 дечиња од кои 25 се од македонска националност, а 25 се од албанска националност. Во другата градинка која што е клон на постоечката обезбедивме греење со пумпен систем, обезбедено е целосно оградување на двете градинки, поставени се детски реквизити и двете градинки се комплетирани за нашите најмили, рече Костадиноски и додаде:

„Најголемиот проблем кој ги засега дел од населените места на територијата на општина Јегуновце, Ратае, Жилче и Шемшево, обезбедивме вода за пиење со капацитет за овие три села каде што можам да кажам дека овој проблем бил нерешлив повеќе од 20 години, а сега е решен со средства од буџетот на Јегуновце и изработени од страна на јавното комунално претпријатие. Се одржаваат јавните површини, се реконструираше основното училиште во село вратница, а се реконструира или се заменува греењето во неколку подрачни училишта на територија на општина Јегуновце“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.