Во февруари годинава се издадени 250 одобренија за градење, што е за 27,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.Најмногу нови одобренија, 85, има во Скопкскиот регион, по што следат Полошкиот со 53, Југоситочниот со 38,…

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 763 961 000 денари, што е за 39,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 138 (55,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 29 (11,6 проценти) од нискоградба и 83 (33,2 проценти) за објекти за реконструкција.

На 146 (58,4 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 104 (41,6 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 440 станови, со вкупна корисна површина од 40 405 метри квадратни. Од нив 182 се планирани во Скопје, односно 115 во Општина Аеродром, 37 во Карпош, 12 во Илинден, 9 во Сопиште. По Скопскиот следи Полошкиот регион со нови 130 станови, од кои 104 во Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.