Европската Комисија денеска ќе го усвои пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан со посебен извештај за напредокот на секоја од државите во процесот на евроинтеграции, вклучително и за Македонија.

Ова е прв Извештај на ЕК за земјава откако на 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел, со што официјално беа отворени преговорите за членство.

Во Нацрт-извештајот на Европската комисија што треба да се објави денеска, а во кој Радио Слободна Европа имаше увид, оценето е дека Македонија е умерено подготвена по речиси сите критериуми. Единствено во економските критериуми е наведен добар напредок, а во усогласеноста на земјава со европската надворешна и безбедносна политика има многу добар прогрес.

Потребни се решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи, стои меѓу другото во извештајот.

Се наведува дека се направени реформи во службите за безбедност, но треба да се зајакне капацитетот за парламентарен надзор врз работата на тајните служби, а забележано е дека доцни донесувањето на законите за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор.

-Државната комисија за спречување на корупцијата беше проактивна во справување со случаите на непотизам, кронизам и политичко влијание во процесот на вработување во јавниот сектор и при назначувањето членови на надзорните и управни одбори, стои во извештајот.

Правниот систем постигнал одреден степен на подготвеност и е умерено подготвен, а земјата постигнала и одредено ниво на подготовка и е умерено подготвена за превенција и борба против корупцијата.

Во извештајот е наведено дека земјата е умерено подготвена во однос на слободата на изразување, а реформите во Македонската радиотелевизија се закочени поради одложувањето на именување членови во Програмскиот совет



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.