Интересот кај приватниот сектор и кај фондови кои што се осигурувања од приватниот сектор се зголемува, но тоа е еден тренд што се случува во сите држави во светот, е констатација за која изрази согласност министерот за здравство, Беким Сали во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
Тоа е неминовно. Поделбата на различните класи кои што живеат во државата по автоматизам, по некоја инерција, ги привлекува тие кои имаат поголеми приходи. Останатиот дел што не може да си дозволи приватно осигурување, не може да се фокусира на тие приватни фондови. Меѓутоа, генерално, јас одговарам за здравјето на сите граѓани во државата, без разлика дали тоа е јавниот или приватниот сектор, се е под државна капа и морам да се грижам за функционирање на двата система“, вели Сали.
Поголемите проблеми, признава министерот, се присутни во јавниот сектор.
Таму е грото на инвестиции, таму е грото на вработени, затоа што тоа е систем кој што функционира во последните 30 години и како таков каков што е, можам да издвојам десетици, ако не стотици успешни приказни во јавното здравство кои што денес ни влеваат самодоверба дека македонското здравство“, додава Сали.
Притоа тој издвои анализа која е направена за дијагнозата за јавното здравство во изминатата година, бидејќи приватното здравство, како што истакна, е одговорност на тие кои инвестираат таму и државата нема многу за придонес, освен соработка на ниво на дозволи за работа, почитување на протоколи, итн.
Во јавниот дел, инвестирањето, организацијата, почитување на протоколи и се останато за давање на здравствени услуги, ни даде еден резултат кој што не е добар за нас како држава, не е добар показател дека се движиме во позитивна насока, туку дека навистина треба да засукаме ракави и да размислиме како ние сакаме да продолжиме“, истакна првиот човек на македонското здравство.
Крајно време е, вели Сали, да се движиме кон пишаното, мислејќи на стратегијата што е напишана и усвоена од владата, и да се запрашаме дали истата ќе се испочитува до крајниот рок во 2030 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.