Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) продолжува да ја врши контролата на работата на менаџерите и директорите во јавните здравствени установи во државата и ниту една ЈЗУ нема да биде исклучена, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој присустуваше на отворањето на новиот дијагностички центар во ГОБ „8 Септември“.

Тој рече дека сега се во прва фаза на контрола на финансиска неправилност при распределба на плати на директори и на менаџерите, затоа што кога би навлегле во целокупното работење на институциите, тоа би траело подолг период.

Дел од директори кај коишто при управувањето со јавни здравствени установи се забележани неправилности беше побарано од нив да се повлечат и се согласија доброволно да се повлечат од функцијата што е многу добар показател за свесноста на еден менаџер да ја прифати грешката што е направена во континутет. Продолжуваат контролите од страна на Фондот. Ниту една ЈЗУ нема да биде исклучена во оваа фаза на контрола.  Се проверува дали се почитува колетивниот договор, дали има злоупотреба во делот на правото за дежурство, имајќи предвид дека дежурството на директори е дадена како можност, не како обврска за тие директори во установи каде што нема доволен кадар за пружање на услуга во континутет, рече Сали.

Директорката на Универзатската клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова и дирекоторот на Клиниката за радиотерпаија и онкологија, д-р Никола Васев, во почетокот на месецот поднесоа оставки, на барање на министерот за здравство, по инфорамциите за незаконска исплата на платите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.