Со победничка енергија поднесени се победничките листи, вели носителот во петтата изборна единица и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

-Официјално, денес на 02.04.2024 со голем оптимизам ги поднесовме кандидатските пратенички листи до Државната изборна комисија кои на гласачкото ливче ќе се најдат под реден број 2!

Нека среќа ни донесе напорната работа и искрената желба за промени во нашата Македонија!

На кандидатите од листите, од прв до последен, им посакувам успех во водење на нивните кампањи, да инспирираат со своите интегритет и визија.

Благосостојбата на нашата нација во најголем дел лежи токму на имињата од овие листи!, потенцира Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.