Од досега обработените 86,58% од гласовите во ИЕ5, дваесетте мандати се поделени меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ; Европскиот фронт, Коалицијата Вреди и ЗНАМ.
Најмногу, 10, мандати обезбеди Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај Сајкоски, од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието влегуваат и Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска, Грација Бакраческа.
Јован Митрески од СДСМ обезбеди 4 мандати, од кои еден за себе и три за Бисера Костадиновска Стојчевска, Митко Трајчулески, Боби Мојсоски.
Зијадин Села од Алијанса за Албанците од колаицијата предводена од ДУИ, „Европски фронт“, во Собранието ќе ги брани политиките на албанскиот блок заедно со Муса Џафери и Арбана Пашоли.
Вреди и ЗНАМ во Собранието ќе имаат по еден претставник, односно носителите Салим Сулејмани и Весна Бендевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.