„Наместо да имаме избор и да имаме предлог за избор за министер за правда, здравство, администрација, животна средина и просторно планирање ние имаме стара претстава на театарот предводен од Ковачевски и Ахмети кои и по реконструкцијата на оваа претстава ќе продолжи по истото она сценарио со нови глумци кои ќе ги предводат министерствата, а од кои нема да зависи ништо. Новите министри се нови статисти во старата претстава и се статисти во оваа неуспешна Влада која не успеа ништо да направи во изминатите пет и пол години“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски на денешната собраниска седница.

Тој додаде дека овие нови министри се статисти и тие ќе останат како статисти следните девет месеци или година во оваа Влада бидејќи ќе немаат можност да се искажат во она што го знаат, ниту да сработат нешто плус а можеби и некој од нив можеби и толку можат и толку и знаат.

„Оваа реконструкција на Влада е само можност за Ковачевски да се спаси за да не оди на избори месец, два, три или ден за да остане плус на власт за да може да овозможи простор на неговите соработници, министрите, директорите да ги доруинираат институциите, да ги дозатворат министерствата, да ги дозапрат проектите кои се почнати наназад е за тоа е оваа Влада“, кажа Сајкоски.

Сајкоски посочи дека со оваа реконструкција нема ништо што може да донесе добро ни за стопанството, ни за граѓаните на Република Македонија. Со изборот на оваа Влада ќе продолжи она каде што запре старата Влада и нема да се работи ништо.

Оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ секогаш во минатото во овие 5 години не убедуваше дека ние одиме чекор напред, но кога ќе погледнеме секогаш кога ќе не убедуваат дека одиме чекор напред ние веќе сме вратени 3 чекори назад. Оваа Влада не враќаше 3 чекори наназад изминативе пет години со се, во секој сегмент на општественото живеење и за се што зборуваа се беше навистина, се што ветија беше невистина, се што кажаа беше невистина изминатите пет ипол години, потенцираше Сајкоски.

Тој е дециден дека новите лица за една година пред редовни избори нема драстично како да ја подобрат владината слика ни за успешност, а немаат ниту план и стратегија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.