Среќна Нова 2024 година. Додека ја испраќаме годината што изминува, да се припремиме за нови почетоци што ги носи новата година. Со срца полни надеж, гордо да зачекориме во новите 365 можности кои ни се на прагот! Напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.
Во продолжение во целост ви ја пренесуваме новогодишната честитка од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски:
Ви посакувам на сите Вам и на Вашите најблиски годината што доаѓа да ви биде исполнета со добро здравје, изобилие на радост и безброј благослови!
Во оваа година на нови почетоци и нови можности, нека секоја ваша аспирација го најде својот пат кон исполнување, издигнувајќи се кон просперитет. Да ги негуваме научените лекции, стекнатите пријателства и конекции како и моментите што не обликувале во годината што изминува, додека со нетрпение ги очекуваме ненапишаните поглавја што ни доаѓаат.
Оставете ги сите негативни конатации од годинава што изминува во минатото, но истовремено од нив извлечете поуки и лекции, прифаќајќи ги како предизвици што се отскочни даски кон триумфот. Секој надминат предизвик, секое соочено разочарување, станува вредна лекција врежана во структурата на нашите искуства, тоа се еден вид чекори кон личната еволуција. Прифаќањето на овие “негативни” искуства со отворен ум ни овозможува да собереме мудрост, за да пристапиме спремно кон иднината.
Да не заборавиме дека годинава што доаѓа исто така носи и два многу важни процеси кои ќе не обликуваат како општество и кои се исклучително важни за иднината на секој поединец во Македонија.
Посакувам оваа година да биде доказ дека лекциите навистина ни се научени, нека биде доказ за единство во борбата за демократија и подобри услови за живеење во нашата татковина.
Следи една година кога секој глас е важен, каде што дијалогот ќе мора да триумфира над раздорот и каде вистинските вредности што ги поддржуваме ќе ја зајакнат структурата на нашата земја..
Нека секоја одлука што ќе ја донесете во 2024та Ви донесе мир и благосостојба!
Со најискрени желби, од срце Ви посакувам среќна Нова година!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.