Државниот завод за ревизија објави конечен извештај за извршена ревизија на успешност за Подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетската криза. Извештајот се концентрира повеќе на техничката подготвеност на постројките. Констатирана е неспремност на енергетскиот систем технички да се справи со енергетска криза. Од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ велат дека со извештајот потврдени се многу укажувања во изминативе години од ВМРО-ДПМНЕ за несоодветно работење на енергетските компании и Владата, а најсимптоматична е забелешката дека блок 3 во РЕК Биотла не бил во погон повеќе од една година и затоа се изгубени 1.621 илјади MWh.
Причина за ваков застој е појавен дефект на блок трансформаторот кој се уништува при стартување на блокот. За ова нема никаква одговорност. Истиот се носи на поправка и потоа се става во резерва без да се испита на терен дали е технички исправен и дали стои спремен за погон. Ова е тотално незнаење на раководниот тим на ЕЛЕМ како да се испита трансформаторот иако е тоа обврска во договорот за поправка.
Нарачан е наводно нов трансформатор кој се изработува во време од неколку месеци што претставува техничко-технолошко чудо за ваков вонсериски производ освен ако не е претходно припремен коруптивен договор. Истиот закасни со испорака и време на ставање во погон и наместо да се наплати гаранција и бара надомест на штета се премолчува целата оваа обврска. Извршена е набавка на помошна механизација, но не е целосно според потребите на рудниците. Иако од 2017 година се оставени копмлетно проекти за набавка на нова помошна механизација и главна рударска опрема, ниеден од овие проекти не е реализиран. Она што сега е реализирани за 25 мил. евра не одговара целосно на потребите. Целта на овие набавки е да се елиминира ангажирање на надворешни компании за ископ и транспорт на јаглен и јаловина. Видно од извештајот дека и понатака силно се користи надворешна механизација од приватни компании што е предмет на сомнежи за коруптивни зделки без објава на оглас и со директно преговарање, велат од Комисијата.
Потсетуваат дека за овие работи ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пати предупредувано, но немаше реакција од надлежните институции.
Државниот ревизор во конечен извештај за ревизија на успешност и подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетска криза констатира една општа вистина, а тоа е дека надлежните институции и енергетските компании не преземале доволно ефикасни мерки да обезбедат сигурност и одржливост во обезбедувањето на електрична енергија на долг рок. Констатирани се слабости и хаотично делување во зголемување на производни капацитети од обновливи извори на електрична енергија. Во време на енергетска криза нема зголемување на домашното производство на електрична енергија. Наместо тоа исторошени се 588 милиони евра од буџетот на Република Македонија за набавка на електрична енергија од берзите на слободниот пазар и од HUPEX- унгарската берза. Република Македонија една третина од потребата за електрична енергија ја задоволува од увоз. Многу е симптоматично што за период од 2019 до 2022 година загубите на електрична енергија во пренос и дистрибуција се движат во граници од 20% од вкупното домашно производство на ел.енергија . Просек производство 5.4 GWh, а загуби 0.98 GWh. Тоа се дел технички загуби кои нормално може да бидат во граници од 5-7%, но останатиот дел до 20% се кражби на електрична енергија во дистрибутивната мрежа. Нема активност за решавање на вакви кражби на електрична енергија, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Нajголем дел од законските и подзаконските акти кои го регулираат енергетскиот сектор или не се функционални или не се донесени, велат од Комисијата и ги споменуваат поважните:
- Подобрување на енергетска ефикасност практично нема. Не е формиран фонд за енергетска ефикасност иако има можност во законот за енергетска ефикасност.
- Нема донесено Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката за период 2021-2025 година иако нацрт верзија за истата е изготвена. Не донесена Програма за реализација значи дека развојот на енергетиката е хаотичен или воопшто го нема.
- Индикативен план за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од ОИЕ е обврска согласно Законот за енергетика од 2022 година, но овој план се уште не е донесен.
- Нема донесено Стратегија за реконструкција на згради за домување, јавни и комерцијални згради. Рокот бил до февруари 2022 година од Министерство за економија и од Министерство за транспорт и врски.
- Уредба со која се утврдува обврзувачка шема за енергетска ефикасност не е донесена од страна на Владата на предлог на министерство за економија.
Во однос на термоцентралите согласно националната енергетска стратегија се предвидува намалување на производство на електрична енергија од јаглен и користење на природен гас или водородно гориво. Ништо не е преземено да се реши овој базичен проблем во енергетиката.
Во период од 2019 до 2022 година индикативно е што АД ЕСМ купува електрична енергија на отворен пазар по многу висока цена, а кога има вишоци продава на берза по многу пониска цена. - Загрижува фактот што АД ЕСМ се уште нема добиено А-интегрирана дозвола за работа за РЕК Битола иако за тоа се потрошени 61.4 миниони евра. Според месечните извештаи за мерење на загадувачки елементи во воздухот, регистрирано е многу големо присуство на загадувачки супстанци ( SO2, NOx и прашина) во воздухот при што во некои мерења надминати се дозволените вредности над 20 пати. И за ова загадување и труење на населението нема покренато никаква одговорност од надлежните институции.
- Набавки на мазут и природен гас се обременети со силни сомнежи за коруптивни зделки.
- Во 2021 година Република Македонија е прва членка од западен балкан која стана членка на Powering Past Coal Alliance – за напуштање на јагленот која се обврза дека до 2030 година ќе го напушти јагленот за производство на електрична енергија. Сеуште нема одговорност за ваквата “храбра“ непромислена одлука бидејќи со оваа одлука последиците по македонската економија ќе бидат екстремно негативни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.