Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека решението за Македонски пошти е целосно реконстурирање на бизнис моделот.

Тоа ни се случува редовно. Сите јавни претпријатија скоро, кој што треба да испорачаат услуги кон граѓаните, во неможност подолг временски период да испорачаат соодветни услуги ќе имаат и ќе имаат намалени приходи. Ние со Македонски пошти веќе подолг период се обидуваме да направиме реконструирање на работењето“, вели Битиќи.

Тој додава дека овој проект е веќе започнат.

Во почетокот на годината имаше нова систематизација за да се ублажи еден дел на притисок на расходната страна затоа што со новата систематизација се пополнуваат работни места кој што вистински испорачуваат услуги кон граѓаните наспроти тие што не испорачуваат или се поддршка администрација. Но тоа не е доволно“, додава Битиќи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.