Соединетите Американски Држави лоцираат епидемија од корупција во Македонија. На Ковачевски, Владата и надлежните институции око не им трепнува. Да беа европска власт и доколку негуваа европски вредности веднаш ќе поднеса оставки од своите функции, затоа што во секој ресор на Владата смрди на корупција и се е труло. И тоа не им го говори само САД, тоа е нотирано и во Европскиот извештај. Со оваа криминализирана власт нема ни европска иднина, ни европски стандарди. Единствено кое знае оваа власт да го прави е како да полни свои блиски фирми со сомнителни тендери, како да ги полни своите џебови и сметки, а во исто време само декларативно да говори за Европската Унија, анализира ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа Македонија е најсиромашна држава, затоа стандардот и економијата тонат, затоа има таков егзодус на граѓаните. Не е возможно и Европската Унија и САД да гледаат корупција во Македонија, а само нашето судство и обвинителство, седнато во скутот на ДУИ и СДС, тоа да не го гледа.
Корупцијата е модус вивенди на оваа власт. Од кревет не стануваат функционерите на ДУИ и СДС ако денес не договориле некој тендер, некоја провизија или некое ново кршење на законот. Системот е целосно распаднат, институциите се дерогирани, а правната држава е тотално поклопена. Дијагнозата е повеќе од јасна. Решението за оваа епидемија на корупција чиј причинител е владата на Ковачевски е да се победи на избори и после тоа клучните единки заразени со корупцијата да се стават во карантин во некоја казнено поправна установа на подолг рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.