Реобновено е  Здружението на нефролози во Македонија при Македонско Лекарско Друштво.  Имено на конституциалното собрание за претседател беше избрана Проф. Др Ѓулшен Селим, субспцијалист нефролог, докажан лекар и научник во областа на нефрологијата во земјава и странство.

Таа е автор на голем број меѓународни публикации, учесник во научно истражувачки проекти, а секогаш нејзина најголема доблест била едукација на младите лекари и грижата кон пациентите. Со нејзиното назначување продолжува континуитетот на здружението на нефролози кое што во минатото беше формирано во далечната 1970 година одстрана на Проф. Др Димитар Хрисохо, а во продолжениепредводено од нашите истакнати професори Проф.  ДрЃеорги Масин, Проф.  Др Нинослав Ивановски и Проф.  Др Александар Шиколе. Би сакале јавно да се заблагодариме на сите нашите подржувачи со цел  на понатамошно унапредување на мулти дисциплинарниот пристап и во насока на подобрување на здравствените услуги и подигнување на квалитетот на образовниот процес во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.