Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања која ќе се одржи во Собранието на Република Македонија со почеток во 14:30 часот.

Реформската агенда ги истакнува заложбите на државата за успешно спроведување на реформите неопходни за подобрување на стандардите во областите како владеење на правото, реформа на администрацијата и енергетската транзиција.

На седницата обраќања пред пратениците ќе имаат претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљаноска – Давкова, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Со седницата ќе претседава потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.