Владата на Република Македонија, денеска 2.3.2022 година (среда) ќе ја одржи редовната 19-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува и Информацијата за задолженијата за надлежните институции по мерките и активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.
За разгледување, најавена е и Националната стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025, со Акциски план за нејзина имплементација.
За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.