Процентуалната застапеност во новоформираното министерство за јавна администрација, во моментов, од стопроцентната вработеност, од 43 до 45 отсто се вработени од етничките заедници што значи, балансерот е злоупотребен, рече министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Тоа е предмет на ревизија. Досегашните информации и анализи укажуваат дека од стопроцентната вработеност, некаде 18 до 19 отсто ја имаат злоупотребено можноста за искажување на припадност на етничката заедница, односно злоупотреба на балансерот. Тие се во редовен работен однос, секако дека ќе останат на работа, меѓутоа нужно е да укажеме дека во минатото, балансерот бил злоупотребуван и токму оваа постапка којашто ја правиме за враќање на годишните планови за вработување и укажувањата кои ги даваме до институциите во јавниот секор коишто доставиле вакви планови, е спречување на повторно таква злоупотреба на балансерот – додаде Минчев денеска на прес-конференција.

Тој најави, дека врз основа на Пописот, направена е измена на процентуалната застапеност на етничките заедници во балансерот, и тоа од бројот на резидентното население.

Во следниот период, ќе се донесат измени на предложените закони за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор, на кои ќе им претходи широка јавна дебата во која ќе се вклучат сите засегнати страни.

Измената на процентите во балансер алатката предвидува усогласување и тоа на Македонци од 54,21 отсто, на 58,44 проценти, Албанци од 29,52 проценти на 24, 30 проценти, Турци од 3,98 проценти, на 3,86 проценти, Роми од 2,34 проценти, на 2,53 проценти, Срби од 1,18 проценти, на 1,30 проценти, Власи од 0,44 проценти на 0,47 проценти и Бошњаци од 0,87 на 0,87 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.