Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку се биде како што треба, во втората половина на јули ќе има ребаланс на државниот Буџетот.

Ако биде се како што треба, во втората половина на јули ќе има ребалансот во Парламентот и во првата половина на август ќе биде повикот до општините да алицираат со проектите. Според тоа што го разговарав со министерката за финансии, голема е можоста шест милијарди денари да бидат распределени кон општините за проекти кои се подготвени. Утре имаме состанок и ќе работиме на оваа проблематика, најави Мицкоски во првото интервју по изборот на новата Влада дадено за ТВ 24.

Мицкоски објасни дека со овие шест милијарди денари би можеле да се реализираат над 150 проекти.

Тоа се проекти важни за граѓаните и се содржани во проектите на градоначалниците, а тие програми победија на избори во 2021 година и цениме дека треба да се поддржат. Станува збор за булевари, канализациски и водоводни системи, училишта…

Во интервјуто тој ја најави инвестицијата за ветерниот парк, која официјално ќе биде објавена утре, и ќе донесе 100 милиони евра поголем приход во бруто домашниот производ. Премиерот појасни дека се работи за проект во делот на енергетиката, со кој ќе се произведува електрична енергија од македонскиот ветер. Вели земјава ќе добие енергетски баланс, односно онолку колку што ќе се произведува, толку и ќе се троши.

Утре промовираме значаен проект во делот на енергетиката, помеѓу 400 и 450 милиони евра. Ја користам овааа прилика да дадам важна информација со тоа производство на електрична енергија од македонскиот ветер, ќе добиеме енергетски баланс, односно онолку колку што произведуваме толку и да трошиме, без да имаме специјални закони во моментов. Станува збор за инвестиција од 400 до 450 милиони евра и дополнителни 100 милиони евра во бруто-домашен производ, рече Мицкоски во интервју за ТВ 24.

Додаде дека во структурата на тој инвестициски фонд се Европската банка за обнова развој, Европската инвестициска банка, Меѓународната финансиска корпорација, како и структурни фондови од Германија и САД.

Во тој инвестициски фонд се Европската банка за обнова развој, Европската инвестициска банка, Меѓународната финансиска корпорација, има германски структурни фондови, има амерички структурни фондови, нешто што во овој дел на Европа не е видено, во Македонија ќе се случи ваков тип на инвестиција. Јас би сакал и понатаму да го продолжиме партнерството, па зошто да не обезбедиме финансиски средства за сами да го изградиме Чебрен, рече Мицкоски.

Проектот за развој на парк на ветерници во земјава е инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.