Тука на ова место треба најгласно да одекне македонскиот крик, македонскиот непокор, овде пред оваа зграда каде што тие во оваа зграда треба да го чујат гласот од Македонија, изјави Диме Ратајковски, новинар и историчар на денешниот протест „Ултиматум – не благодарам“.
Ратајковски истакна дека тука во Собранието почива гласот на македонското минато и сега некој треба да направи заверка на не наша, туку туѓа историја.
– Тука лежи гласот на македонската вистина на улиците и барикадите. Вие избраници таму чујте го овој глас затоа што тој ви порачува дека нашата вера е силна, а нашиот пат јасен. Ние народот без разлика на кој етникум припаѓаме ние сме господари на својата судбина и одлучуваме за својата иднина и поинаку не смее да биде, рече тој.
Ратајковски и порача на власта дека вистинските демократски вредности го налагаат тоа, се што е спротивно од гласот на народот е рамно на тиранија и режим и хунта и го повика македонскиот народ да каже НЕ за тоа што власта се обидува да го направи.
-Да кажеме едно големо НЕ на лагите кои ги слушаме со години, да кажеме НЕ за манипулациите, да кажеме НЕ за кукавичлукот кој ни го сервираат, да кажеме НЕ за обезличена Македонија Гласно да им порачаме Стево Пендаровски, доста е, Димитар Ковачевски, доста е , Бујар Османи доста е, Бојан Маричиќ доста е. Ова што го правите не е демократски не е европски. Послушајте го сопствениот народ, рече Ратајковски.
Тој додаде дека жално е што не се научило од историјата и сме осудени да ни се повторува.
– Оставете ги историјата и јазикот настрана, на историчарите и лингвистите, под политички диктат не пишувајте историја. Понастрана од заткулисни преговарања, истакна Ратајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.