Зекир Рамчиловиќ е доказ за партизираната дипломатија и за тоа како преку распродажба на државните интереси се добиваат функции и привилегии, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Со поставувањето на Зекир Рамчиловиќ за амбасадор во Црна Гора владата на СДС и ДУИ продолжува да ја понижува и деградира македонската дипломатија.
Наместо соодветен кадар кој достојно ќе ја претставува Македонија, власта за амбасадор поставува свој партиски послушник кој од дипломатија разбира само продажба на државните интереси на Македонија и преговори за фамилијарни вработувања.
Така откако гласаше за промена на името на Република Македонија, СДС прво го награди Рамчиловиќ и го стави пратеник, а потоа наградата се прошири и за неговото семејство.
Најпрвин си ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а потоа и неговиот син го вработи како полицаец.
Очигледно е продажбата на државните интереси има цена, а цената на Рамчиловиќ е амбасадорско место и вработувања на семејството.
Ваквите постапки на СДС и ДУИ се уште една причина зошто не смеат повеќе да останат на власт. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.