Синдикатот на самостојните јавни научни установи (ССЈНУ) како репрезентативен синдикат на ниво на гранка научно истражување и развој свикува работна средба со членството заради барање за потпишување нов Колективен договор со министерот за образование и наука, информираат од ССЈНУ.
Со оглед на тоа што платите на вработените во јавните научни установи не се променети од 2019 година, потпишувањето на новиот Колективен договор има за цел на системски начин да го реши прашањето за платите.
Предлогот за новиот Колективен договор од страна на ЈНУ е подготвен и на средбата очекуваме претставници од МОН да го пренесат ставот на Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.