Денеска или утре може да очекуваме официјализирање на влезот на Алијансата за Албанците во Влада. Но, влезот на партијата на Таравари може да не значи зголемување на парламентарното мнозинство, ако се остварат најавите дека другиот албански колициски партнер во власта-а тоа е Алтеранатива е можно да излезе.
Математички преведено Ковачевски би добил четири пратеници на своето конто бидејќи Алијанса има осум пратеници а Алтернатива четири.
Но, како што стојат работите, најреална опција е Алијанса да влезе во Влада а Алтернатива да остане бидејќи на Ковачевски очајно му треба да прикаже дека парламентарното мнозинство се зголемува.
Иако, како што отворено коментираат албанските политичари и експерти, на власта и треба зголемување на парламентарното мнозинство не за да дојде до 80 пратеници за уставни измени, бидејќи до нив се далеку колку до Брисел-туку за да имаат 61 пратеник за седница во Собранието.
Од „силното“ мнозинство Талат Џафери три недели нема свикано седница. Ете затоа власта ги сака речиси сите албански партии на купче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.