Пуштен е на слобода Гани Марку, познат за македонската јавност како осомничен на убиствата на Јетон Кривањева – Жила во локалот „Шиша бар“ на Кале, како и на ликвидацијата на Орхан Бајрами – Оки минатото лет во Грција, пренесува „Нетрпрес“, објавувајќи ја одлуката од Кривичниот суд, од којаштојасно се гледа одлуката за укинување на мерката притвор на осомничениот за убиствата Гани Марку.
Одлуката за пуштање на слобода случајно или не доаѓа во период на техничката Влада на премиерот од ДУИ, Талат Џафери.
Орхан Барјами – Оки беше ликвидиран во Грција утрото на 15-ти јули 2023 година на Халкидики, кога две маскирани лица се приближиле до вилата и од огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на скопјанецот и уште еден негов придружник. Оки е сметан за еден од главните луѓе на криминалната група позната како „Дуќанџик“. Претходно, во март минатата година, во Скопската стара чаршија беа убиени две лица, за кои се смета дека беа припадници веројатно членови на истата криминална група, меѓу кои и Јетон Кривањева, познат на јавноста како Жила.
Во јануари годинава грчката полиција, првично преку меѓународна а потоа преку европска потерница, побара осомничениот Гани Марку кој тогаш беше во притвор за убиството на македонскиот државјанин на Халкидики, да биде екстрадиран во Грција за да биде изведен пред грчкиот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.