Од „Александар палас“ се авакуираат гостите и вработените. Откажана е и денешната годишната конференција на Стопанската комора на Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас“ беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.

Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.

Се евакуираат патниците и вработените и на Скопскиот аеродром. Откажани се сите летови и повикана полицијата да изврши проверка.

Привремено е затворен и се вршат проверки и во „Ист гејт мол“.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.