Просветниот инспекторат детектирал дека не бил испочитуван процесот за инклузивно образование во случајот со девојчето Ембла, објави ТВ 21.
На потег е општина Гостивар, чиј градоначалник Арбен Таравари за понеделник најави средба со родителите на децата и од Комисијата за дискриминација. Реагира и УНИЦЕФ од каде побараа Таравари да ја разгледа состојбата и да донесе одлука за одговорност на оние кои не ги почитувале правата на детето.
Во меѓувреме во четвртокот беше соопштено дека случајот е решен со тоа што на Ембла ѝ е даден посебен асистент кој задолжен само за неа, ќе ја води низ процесот на настава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.