Бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, вчера на стадионот од тимот организираше прослава за Денот на македонското наследство.
Како што пренесуваат од ОМД, бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилија Илич, обезбедил капи со нивното лого и боите на македонското знаме.
Стотици Македонци во Детроит за првпат го прославија Денот на македонското наследство на 30 јули, 2024 организиран од бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилијата Илич со потекло од Драгош и Буф, велат од ОМД.
Настанот беше во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, благодарение на неколку видни македонско-американски компании сопственици како спонзори. „Детроит Тајгерс“ за гостите обезбеди капи со логото на тимот, во боите на македонското знаме. За време на бејзбол играта на масовниот екран во стадионот Комерика Парк против Кливленд Гардијанс се појавуваа директно прикажување од публиката со македонските капи и знамиња навивачи за Детроит Тајгерс. Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит. Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите Македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации, се наведува во соопштението на ОМД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.