Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Средбата се реализираше на 27 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и САД, што претставуваше убава прилика да се поздрават многуте заеднички успеси и достигнувања низ годините, со посебен акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу двете земји.

Министерот Османи се заблагодари за активниот и континуиран ангажман на амбасадорката Брнз во насока на продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за конзистентната американска поддршка за демократскиот развој на Македонија и напредокот на патот на европските интеграции.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.