Собраниската Комисија за европски прашања распрваше за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. Расправата ќе продолжи денеска.
Вчера говореа пратеници од опозицијата кои ги прашуваа нивните колеги од владејачките партии како ќе гласаат измени на закони за проект за кој воопшто не виделе што се е предвидено во договорот што го потпиша Владата. Ги обвинија дека ќе им наметнат на работниците да работат по 72 часа неделно на отворено наместо по 40 часа како што е вообичаено. Во измените на законот, како што кажаа, нема ништо европско и затоа нема потреба да се разгледува во процедура со европско знаменце.
Во реплика пратеникот Мартин Костовски од СДСМ рече дека воопшто нема да има зголемување на работното време и дека на работниците ќе им се плаќаат дополнителните работни часови за прекувремена работа.
Седницата на Комисијата ќе продолжи во 12 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.