Над 14.500 пријави се пристигнати во базата на податоци на системот за електронско аплицирање на учениците за прва година во средните училишта, модел кој за прв пат се воведе оваа година. Целокупната подготовка од страна на МОН, како и достапноста на порталот за пријавување, резултираше со евидентно порелаксиран процес споредбено со сите минати години и веќе утрово до 08.00 часот имаме апликации на околу 75% од сите ученици, а до крајот на денот очекуваме процентот да биде достигне до 90%.
Ова го истакна министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири на денешната прес конференција, напоменувајќи дека се намалени гужвите во средните училишта во сегментот на пријавување, со што се минимизираа неизвесноста и нервозите од исходот на самиот упис.
На 16-ти и 17-ти јуни училишните комисии ќе извршат проверка на идентичноста на податоците од апликациите со доставените документи, а веќе на 18-ти ќе бидат објавени и конечните ранг листи на огласните табли на училиштата и на веб страницата на Министерството за образование и наука, истакна министерот.
Воедно, тој, најави неколку новини кои се планирани за следната година, надграден Е-дневник со полесни функционалности, побрзи сервери што во текот на работата на наставниците ќе им овозможи на наставниците непречена работа, мобилна апликација на е-дневник, како и подобра комуникација во реално време со родителите.
Воведување на електронско свидетелство, автоматско внесување на оценките во е-дневник при аплицирање на основци во средно, како и работиме на идејата за имплементација на нов Higher education management system (HEMIS) за автоматско аплицирање за матурантите на универзитетите. Исто така се планира целосна електронска евиденција на сите студенти од универзитетите и овозможување непречено реализирање на студентските права, рече министерот.
Секоја новина, рече тој, кај сите нас предизвикува страв и несигурност.
Овој пат сум сигурен дека ова е еден голем чекор напред во насока на дигитализација и осовременување на целокупниот образовен процес и дека сме на вистинскиот пат, рече Шаќири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.