Припадници на еврејската група Лев Тахор станаа несакани гости веднаш по нивното пристигнување во Куманово.  По ова државата за кои уверува дека се со исправна документација ги префрли во Скопје, каде многу сопственици на хотели одбиваа да ги примат, но сепак останаа неколку денови. За сега истата оваа група да биде донесена во Охрид, поточно да бидат сместени во хотел во Лакочереј, oткрива порталот Њуз 1.мк.

Жителите на ова Охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат.

Интересно е зошто оваа група се сместува во рурални средини, а неразбирливо е зошто кога не се прифатени од средината упорно остануваат.

Инаку групата не наиде на топол пречек ниту во Босна и Херцеговина (БиХ), од која заминале неодамна.

Од МВР уведуваат дека оваа група е со  легален престој и привремено престојуваат во државава.

Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.