Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство положија се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа.

Гестот, вели Тони Поповски од Клубот, е позитивен сам по себе, но и поради тоа што е пример за признавање на вина за едно грозоморно злосторство кое го има направено бугарската армија во периодот на Втората светска војна, и смета дека станува збор за инспиративен чин за сите останати институционални и вонинституционални чинители во двете држави и општества.

„Тоа е логичен и неопходен чекор за помирување и зближување, согласно и други меѓународни практики. Од таа причина без резерва го поздравувам овој и слични гестови кои и двете страни треба да ги прават во иднина“, напиша Тони Поповски на социјалните мрежи.

Поповски дополнува дека денес „на овие настани треба да се гледа од перспектива на суверени и независни држава, какви што се Бугарија како и Македонија, кои после Втората Светска Војна транзитирале низ комунизам до современи демократии“.

„Имајќи го тоа предвид, денес треба да се воздржиме од меѓусебно етикетирање како народи. Треба да извлечеме поуки од минатото и да не дозволиме вакви или слични настани да се повторат“, истакнува во својот запис на социјалните мрежи Тони Поповски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.