Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал-мајор Арбен Кинѓи, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
На средбата се разговараше за билатералната воена и одбранбена соработка меѓу Македонија и Албанија при што беше констатирано дека таа е на задоволително ниво и беше изразен интерес за јакнење на оваа соработка, преку отворен и конструктивен дијалог.
Соговорниците разменија мислења и информации и за соработката во рамките на НАТО, како две полноправни членки и соседи и изразија очекување таа да продолжи и во иднина, во насока на промовирање и унапредување на регионалната стабилност и безбедност. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека Македонија и Албанија ќе продолжат да ги усогласуваат своите ставови во контекст на соработката во Алијансата.
Претседателот Пендаровски и генерал-мајорот Кинѓи за успешен пример на соработка, ги посочија учествата на двете армии во заеднички вежбовни активности и изразија надеж дека соработката помеѓу двете армии во иднина ќе се унапредува и ќе го достигне степенот на соработка на двете држави што го имаат на политичко и на економско ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.