Обвинение за ширење на расистички и ксенофобичен материјал е поднесено против претседателот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола Љупчо Георгиевски, пренесуваат бугарските медиуми.
Георгиевски треба на 16-ти декември да се појави во Обвинителството во Битола. Во спротивно, тој ќе биде присилно донесен, пишува во поканата на обвинителството, која била испратена на почетокот на декември.
Бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ е формиран пред три години, а официјално беше отворен во април годинава. Само десет дена по откривањето, влезната врата беше запалена, а како сторител беше обвинет пејачот Ламбе Алабаковски.
Пред речиси два месеци, Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува борците од антифашистичката Народноослободителна борба (НОБ), македонскиот народ и етничките заедници.
Комисијата препорачува здружението „Иван Михајлов“ да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата кои предизвикуваат вознемирување во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот, делот и промовирање на идеологија на историската личност Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.