Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Џастин Коулсон, претставничка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Босна и Херцеговина, директорка за Албанија, Србија, Македонија и Косовo.
На средбата беа разменети мислења и информации за севкупните активности на агенцијата и соработката со нашата држава.
Претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи благодарност за долгогодишното партнерство, оцени дека напорите на УНФПА за унапредување на репродуктивното здравје, родовата еднаквост и младинскиот ангажман во македонското општество оставија опипливи придовивки за разниливите групи и ги поздрави досега спроведените проекти и иницијативи во соработка со македонската влада.
Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата посветеност за поддршка на значајната работа на УНФПА и изрази очекување за засилување на партнерството во годините пред нас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.