Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.

На средбата беше потврдена важноста на долгорочната соработка со ОБСЕ за поддршка на македонските реформи во различни области предвидени во мандатот на организацијата, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка за активностите насочени кон зајакнување на соработката и воспоставување мир во регионот на ОБСЕ.

Претседателката изрази благодарност и за важната улога на ОБСЕ/ОДИХР во процесите поврзани со изборните реформи, особено во напорите за организирање слободни и фер избори, додавајќи вредност на легитимитетот, кредибилитетот и довербата на процесот.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка на ОБСЕ со македонските релевантни институции и со граѓанското општество која е динамична и продуктивна и изразија подготвеност за продолжување на соработката и во понатамошниот период во однос на прашања и предизвици поврзани со напредокот на нашата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.