Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, со седиште во Анкара, Вилијам Maјпамбе Сиказве.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека именувањето на нерезидентен амбасадор на Република Замбија во нашата држава, отвора дополнителни можности за поангажирана заедничка работа во откривање нови области за соработка, како и за размена на искуства и добри практики во образованието, здравството, во зачувувањето на природната средина и биодиверзитетот, во постигнување на одржлив развој и благосостојба за сегашните и идните генерации.

Амбасадорот Сиказве во својот говор на церемонијата на предавање на акредитивните писма ја истакна посветеноста на Замбија за унапредување на билатералната соработка со нашата држава, во сите сфери од заемен интерес, со акцент на можностите за развој на економската, трговската и инвестициската соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова на новоименуваниот амбасадор Сиказве му посака успех во извршувањето на одговорната функција. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.