На седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието денеска на дневен ред се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на собраниските комисии, разгледување на барање од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата и разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието.
Предмалку беа избрани членовите и замениците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, со која ќе претседава Љупчо Пренџов, додека заменик ќе му биде Јован Јаулески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.