5 години сме сведоци на едно Собрание коешто не функционира, имено преку непочитување на опозицијата Собранието е само продолжена рака на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. И денеска овој протест гледаме дека ќе има огромен одзив, огромна масовност, пристигнуваат автобуси од цела Македонија кои се незадоволни. Голем дел од сето тоа има и Собранието, функционирањето на поделбата на власта. Она што можеби и јас како пратеник најмногу можам да го видам од Собранието е тоа што генерално имаме насила носење на закони кои се многу чести за лични, лукративни интереси, закони кои што не значат добро на граѓаните и закони на кои ние мораме да ставиме крај и мораме да ги сопреме и да кажеме доволно е и дека ова што се случуваше досега веќе не може да продолжи да се случува, истакна Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е!

Панова додаде дека на протестот ќе присуствуваат голем број на граѓани бидејќи се незадоволни од владеењето на СДСМ и ДУИ, бидејќи како што рече голем број на проблеми со кои се соочуваат граѓаните не им се решени.

Самиот одзив кога ги каневме граѓаните да дојдат да ни се придружат и да присуствуваат на овој сенароден протест беше огромен. Се бараше превоз плус за да може да пристигнат повеќе луѓе кои сакаат на овој начин да покажеме дека навистина е премногу и навистина е доволно. Доаѓаат многу автобуси, колони автомобили затоа што ние од тој крај одблиску видовме со што ќе се соочува цела Македонија затоа што имено СДСМ со Зоран Заев кој е од тој крај, можеби ние најблиски од таму знаеме каков е начинот на владеење на Заев, каков е начинот на владеење на СДСМ, предупредувавме, зборувавме на граѓаните што ќе следува но требаше да помине некое време за самите да го видат тоа. Многу е големо незадоволство, има многу големи проблеми кои се наталожени и мислам како поминуваат годините мислам таму конечно ќе падне тој бастион кој беше на СДСМ, кажа Панова.

Елена Маркова претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во Отворено студио пред Влада, нагласи дека состојбата во енергетиката е катастрофална, укажувајќи дека тимот на власта кој што ја води енергетиката ја доведе земјава до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради.

Состојбата во енергетиката е катастрофална, дури би рекла и катаклизмична. Состојба на константно зголемување на цените на сите енергенси. Меѓутоа и состојба која што мене навистина ме плаши, затоа што ние имаме една ситуација во која постојано го намалуваме домашното производство, а цените на берза на електричната енергија и на сите енергенси растат. Постојаното зголемување на цената на енергенсите влијае на цената на продуктите кои што ги набавува народот, рече таа и додаде:

Под плаштот на светската енергетска и европската енергетска криза успеваат да се прикријат СДСМ. Меѓутоа од власта како што ја водат енергетиката едно е јасно уште од јули 2020-та година го имавме првото покачување на електричната енергија, па потоа јули 2021 година и тоа во период кога светот не познаваше енергетска криза. А, веќе декември 2021 година започна енергетската криза. И она што е многу страшно значи имаме константно покачување на цените на енергенсите, посебно на електричната енергија, а намалување на домашното производство и создавање на загубари на домашните енергетски компании, вели Маркова.

Тимот на власта кој што ја води енергетиката земјава ја доведе до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради. Тимот не е во можност постоечките објекти да ги одржува и раководи, а не пак да изгради нови, објасни Маркова.

Претседателка на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска истакна дека со СДСМ ни се случува катастрофа во образованието и таа се зголеми со концепцијата која СДСМ ја воведе има многу фалинки, но и е неспроведлива, со која сакаа да ја укинат македонската историја и да се пишува според потребите на туѓи интереси, а исто така со неа се укина правото на учениците да имаат бесплатно образование, а дигитализацијата воопшто испадна дека не е дигитализација, и Направија и драстична дискриминација помеѓу сиромашните и богатите.

Тој концепт ќе мора да се ревидира. После концепцијата следеа други катастрофи, не проработи Националната платформа која силно ја најавуваа, па мораше школската година да се одложи за еден месец. И тогаш не им пречеше што заради нивна грешка се изгуби еден месец, но им пречеше штрајкот на наставниците. Наставниците се малтретирани од сите страни, трпат разни притисоци. За платите да не зборуваме, дури и со ова покачување што ќе го добијат ќе имаат плата помала од просечната, и да не зборуваме дека тие пари во октомври инфлацијата ќе ги изеде. Штрајкот беше прекинат брутално со манипулација и нелегално искористување на закон и со јавни закани дека ќе изгубат работа, нагласи Јаневска.

Се вклучуваме директно од пред Собранието, една од трите клучни точки од каде што тргнуваат граѓаните. Позади мене се собираат повеќе од десет илјади луѓе кои што ги гледам со пркост и желба за промени. Ова ќе биде еден од најголемиот протести кои што и се случиле на Македонија, а во организација на ВМРО-ДПМНЕ, изјави во линковското вклучување од пред Собрание Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновски нагласи дека овој протест е за националните порази кои ги прави владата на СДСМ и ДУИ на отворена сцена и дома, додавајќи дека време е за промени и конечно државата да се движи напред.

Oна прашање кое што најмногу го слушам од граѓаните со кои поразговарав тука, но и со оние кои што разговарав изминатиот период се националните омаловажувања. Тие сакаат овие порази да престанат. Овој протест е најмногу за националните порази кои ни се случуваат на отворена сцена и дома, но и надвор од Република Македонија. Не треба да ги споменувам двата најнови, најсвежи примери, едниот кога не нарекуваа Западна Бугарија, а второто кое се случи овие два дена, тоа се предлози со кои се негира македонскиот идентитет, македонската посебност, јазик и македонската историја, смета Андоновски.

На овој начин граѓаните сакаат да кажат дека им е доста од овие анационални политики, граѓаните знаат и се сеќаваат дека Македонија може да води политика која што носи победи и успеси, токму за таква политика денеска протестираме. Затоа што е време да ги заборавиме поразите и да одиме напред. Се гледаме пред владата, рече Андоновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.