Како што денеска информира министерот за надворешни работи Бујар Османи, средбата на бугарската делегација со премиерот Ковачевски или со некој друг владин претставник ќе се организира во рамки на новопланираниот далекувод на РЕК „Битола“ што ќе ги поврзува Битола со албанскиот град Елбасан

Претходно, бугарските медиуми јавија оти на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“, Јотова ќе го отвори новиот клуб на ова здружение во Битола.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во организација на бугарската амбасада во земјава, оваа сабота ќе ја посетат Битола.

Како што денеска информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи, средбата на бугарската делегација со премиерот Ковачевски или со некој друг владин претставник ќе се организира во рамки на новопланираниот далекувод на РЕК „Битола“ што ќе ги поврзува Битола со албанскиот град Елбасан.

Со премиерот Петков договараме да има и официјална средба, но не можам да кажам дали ќе дојде и премиерот, поради здравствената состојба, или некој од министрите на далекуводот Битола – Елбасан, а потоа тие ќе имаат свои ангажмани во Културниот центар во Битола во организација на Амбасадата на Бугарија“, рече Османи на денешната прес-конференција.

Претходно бугарските медиуми јавија оти на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“, Јотова ќе го отвори новиот клуб на ова здружение во Битола. В недела, пак, на 17 април, таа ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.