Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со државната секретарката на Секретаријатот за Европски прашања, Дрита Абдиу Халили и шефицата на канцеларијата на UN Woman во Република Македонија, Весна Ивановиќ Кастaред беше на работен ручек со министерката за родова еднаквост и работен век на Шведска, Паулина Брандберг. Целта на средбата беше размена на искуства кои можат да ги унапредат политиките во однос на родовата еднаквост како и размена на искуства од успешно  имплементираните политики во двете држави.

Тренчевска за време на средбата истакна дека родовата еднаквост е приоритет на Владата на Република Македонија и дека за тоа е доказ низата на донесени родово сензитивни политики. Како следна цел на Министерството за труд и социјална политика е донесувањето на Законот за родова еднаквост со кој се осигураат еднаквите можности и еднаквиот пристап до ресурсите на мажите и жените во Република Македонија.

Во однос на синхорнизација на приватниот и професионалниот живот на жените Тренчевска го истакна новиот Закон за работни односи кој предвидува родителско отсуство и воведување на новите институти мајчинско отсуство и татковско отсуство. Таа посочи дека овој закон е целосно усогласен со европските регулативи.

За време на средбата и министерката Паулина Брандберг ги објасни своите приоритети во  работата. Таа истакна дека непријавеното насилство е број еден приоритет но, дека на тој предизвик може да се одговори само ако се опфатат сите видови на насилство. Министерката посочи дека особено е важно да се работи на дигиталното насилство како дел од актите на насилство кои го одбележуваат поновото време како и креирањето на соодветен одговор кој ќе овозможи заштита на голем број млади девојки.

Двете министерки се согласија дека родово – базираното насилство се искоренува преку економско зајакнување на жените и преку активација на пазарот на труд. Двете земји имаат соодветни предизвици во оваа област, но посветеноста и приоритетот кој е даден на ова прашање е гаранција за успешно спроведување на планираните проекти и активности.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.