Пратениците го повлекоа новиот прелдог за Законот за субвенциониран студентски оброк, откако студентите за в понеделник најавија протест во 16.00 часот пред Собрание. Предлогот со кој ќе им се доделуваат средства за здрав оброк само на студентите кои не добиваат стипендија, не се апсолвенти, или само на оние чии родители остваруваат минимални приходи, предизвика бура од негативни реакции.

Студентските организации жестоко реагираа дека со новите критериуми таква привилегија ќе имаат само мал број на студенти, додека суштината на овој проект била „оброкот“ да го добиваат сите како што тоа се правеше досега.

На студентите месечно им се собираа околу 2400 денари што ги добиваа на трансакциска сметка и ги користеа за покривање на различни трошоци.

За изнаоѓање решение за измените на Законот за студентски оброк, во понеделник ќе се дебатира во Собранието, во присуство на претставници на студентските тела и од надлежното министерство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.