Општина Крушево и Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“, во пресрет на одбележување на големиот празник Илинден и одржувањето на Манифестацијата, ги повикуваат сите заинтересирани претставници и учесници во коњаници да го пријават своето учество.

Во насока на ефикасна организација и пригоден пречек на коњаниците, здруженијата кои ќе учествуваат во коњаниците ги повикуваме да го пријават своето учество најдоцна до 24 јули на следната електронска пошта: [email protected], велат од општина Крушево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.