Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон оствари средба со Џејмс П. Рубин, специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент.
На средбата Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации, што ќе им овозможи на САД и Македонија интензивна соработка во спротивставување на манипулациите со информации и борбата со дезинформации.
Македонија и САД трајната врска ја градат врз заеднички вредности и принципи како слободата, демократијата, правдата и владеење на правото. Претседателот на Владата изрази благодарност за соработката и ја потенцираше важноста на Меморандумот констатирајќи дека ова претставува огромна поддршка за Македонија во градењето цврста демократија.
Пријателството меѓу Македонија и САД е гаранција за стабилноста и просперитетот на нашата држава, како и на цел Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.