Денис Мекшејн, поранешен британски министер за Балкан во својата последна анализа ја опишува состојбата во Македонија и во регионот. Тој  за нас вели дека сме скромна и сиромашна земја која го смени името на барање на Грција и мораше да се откаже од Александар Велики и од присвојувањето на грчкото културно наследство.

Сега, вели Мекшејн, Македонија ќе мора да ги признае и Бугарите кои имаат вековна традиција во земјата.

Oваа мала нација со популација од два милиони покажува бугарко-македонско мнозинство кое коегзистира со 29 посто Албанци-вели Британецот.

Мекшејн е еден од најголемите албански и бугарски лобисти а во Македонија стана познат во 2004 кога дојде пред територијалната поделба и со часовник ни покажуваше да седиме дома.

Или го навивате вашиот часовник напред или го враќате назад-велеше Мекшејн.

За Мекшен се поврзуваат многу скандали а најголем е тој кога за изборите во Велика Британија  пред неколку години се обидувал а прикрие масовно силување жени во неговата изборна единица од страна на Пакистанци.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.